Најлоши раскинувања на славните: На денот на венчавката побегнала со најдобриот пријател на младоженецот, актер ја оставил девојката во емисија на Опра

Секој барем еднаш во животот доживеал лошо раскинување, а од таквите судбини не биле поштедени ниту славните личности.

Ова се некои од најлошите начини на кои славните ги оставиле своите партнери – некои преку медиуми дознале дека се оставени, други ја добиле таа вест преку СМС, а некои поминале уште полошо…

Google search engine

Мет Дејмон и Мини Драјвер

Мет Дејмон беше една година во врска со Мини Драјвер кога во текот на гостувањето кај Опра изјави дека е сингл.

Пит Дејвидсон и Кази Дејвид

Ја оставил преку СМС порака, а само еден ден подоцна Кази дознала преку Инстаграм дека тој е во врска со пејачката Аријана Гранде.

Лора Дерн и Били Боб Торнтон

Додека Лора била отсутна снимајќи филм, нејзиниот вереник Били Боб престанал да ѝ се јавува и ја оженил Анџелина Џоли.

„Беше како изненадно да починал бидејќи немаше никакво објаснување ниту заклучок“, раскажала Лора подоцна за „Talk Magazine“.

Џулија Робертс и Кифер Сатерленд

На денот кога требало да се венча со Кифер, Џулија побегнала во Ирска со неговиот најдобар пријател Џејсон Патрик. Кифер и Џејсон сепак подоцна го обновиле пријателството.

Џо Џонас и Тејлор Свифт

Тејлор во емисијата на Елен Деџенерис открила дека Џо раскинал со неа преку телефонски повик кој траел 25 секунди.

 

Расел Бренд и Кејти Пери

Расел по 14 месеци брак ѝ пренел на Пери дека се разведува од неа преку СМС порака.

Иги Азалеа и Ник Јанг

Иги го фатила Ник како се обидува да „прошверцува“ друга жена во нивниот дом, а подоцна преку медиумите дознала дека тој чека дете со својата поранешна девојка.

Претходна„Раде Кончар-Контактори и релеи“ одговорија зошто веќе три месеци нема регистарски таблици во Македонија
СледнаУнгарија единствената членка на ЕУ која нема проблем со недостаток на вакцини