Најлајкуваната фотографија има “македонски шмек”

Пред два дена, светот го обиколи фотографијата на која Лионел Меси и Кристијано Роналдо играат шах на куфер од брендот „Louis Vuitton“, а истата стана една од најпопуларните објави во историјата на Инстаграм.

Но, малкумина знаат дека Македонката Симона Аврамова беше задолжена за шминката на аргентинската фудбалска легенда Меси, за потребите на оваа, сега веќе, култна фотосесија.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Оваа талентирана девојка речиси 7 години живее во Барселона и работи како професионална шминкерка и фризерка на голем број светски познати личности, за потребите на повеќе реклами, модни едиторијали и филмови.

Ексклузивно за „Слободен печат“, таа раскажала како дошло до оваа соработка и како се чувствува во врска со тоа што е дел од приказната која моментално е главна тема во новинарските написи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AVRA (@avra.simona)

 „Иако сум му професионален шминкер на Лео Меси веќе подолго време, кога продукцијата ми кажа дека ќе имаме фотосесија со Ени Лејбовиц како фотограф и нејзината сестра Барбара Лејбовиц како видеографер за ‘Луи Витон’, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, јас си реков: ‘Ова ќе биде фотосесија на годината!’. Многу бев возбудена за можноста да бидам дел од тимот – сите беа толку прекрасни и професионални. Пред сѐ, сите бевме многу среќни и возбудени што создаваме една таква историска фотографија“, вели Аврамова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AVRA (@avra.simona)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AVRA (@avra.simona)