Не нѝ успеале да се привикнат на заеднички живот, а веќе им било доста од сè…
Не е реткост холивудските бракови брзо да „пукнат“, но овие ѕвезди ја шокираа јавноста со објавите за развод.
Во продолжение ви претставуваме листа од најкратките брачни заедници во историјата на Холивуд:
Ким Кардашијан досега била 3 пати во брак, а како што се шпекулира, и третиот со Канје Вест е на „климави“ нозе. Првпат стапи во брак со Дејмон Томас во тајност, а тој брак траеше 4 години. Но, вториот брак беше многу пократок, траеше само – 72 дена. Нејзиниот втор избраник беше кошаркаркот Крис Хамфрис.

Љубовта помеѓу Еди Марфи и Трејси Едмондс траеше само 2 недели.

Памела по 5-ти пат во животот го изговори судбоносното „да“ и се венчаше со филмскиот продуцент Џон Питерс со кој била во љубовна врска пред 30 години.
За нивната љубов, извор близок до парот рекол: „Тие припаѓаат заедно. Прекрасна холивудска романса“. Меѓутоа, таа среќа била со краток рок бидејќи парот се раздели само 12 дена подоцна.

Николас Кејџ и Ерика Коике беа само 4 дена во брак, пред да одлучат да се разделат.

Во 2004 година, Бритни Спирс го изговори судбоносното „да“ во Лас Вегас заедно со својот партнер Џејсон Александер, а по 55 часа стави крај на оваа врска.

Апсолутна рекордерка во најкраток брак е актерката За За Габор. Нејзиниот 8-ми брак по ред со Фелипе де Алба траел цели 24 часа. Тие се венчале на 13 април 1983 година, а само ден подоцна, на 14 април го поништиле бракот.
