Најголемото невреме што се памети во последните 50 години! Погоди и дел од Европа (видео)

Метеоролошката бомба пристигна во Ирска. Така барем метеоролозите го нарекоа циклонот кој пристигна во Ирска и предизвика голем хаос.

Ова е најлошото невреме што ја погодило оваа држава во последните 50 години.

Google search engine

Силно невреме со налети од 130 километри на час, дожд и снег што се формираше во Атлантскиот Океан, остави без струја повеќе од 50.000 домаќинства во Ирска и делови од Велика Британија.

Ова се најлошите услови за пловење во последните 20 години. Многу лошо, изјави рибарот Пол Фери, а додека Џонатан Конор од Кралскиот национален институт за спасување вели дека морето не простува.

Ветерот е толку силен што може да исфрли човек од рамнотежа. Може да биде многу непредвидлив и да ве фати неподготвени. Морето не простува, изјавува тој.