Најголемиот шармер во историјата на Холивуд денес има 85 години, а еве како изгледа: „Беше убавец кој ниту една жена не го одбиваше…“

Легендата на Холивуд и човекот кој важел за најголемиот убавец и заводник во светот на шоубизнисот – Роберт Редфорд, пред неколку денови се појавил на прославата на принцот Алберт во Монако, а ова била ретка можност да го видиме на јавен настан.

На црвениот тепих се појавил во друштво на својата 21 години помлада сопруга Сибил, а парот изгледал расположено и биле прекрасно стилизирани.

Google search engine

Сибил блескала во едноставен, долг, бел фустан, а Редфорд се определил за бело одело и беж чевли од превртена кожа.

Актерот ни покажа дека и натаму е витален иако наголемо ја „гази“ деветтата деценија од животот, а ниту на 85-годишна возраст не го напуштиле шармот, бујната коса и препознатливата насмевка.

Инаку, тој и 64-годишната германска уметница се заедно од 1996 година, а во брак од 2009 година. На актерот ова му е втор брак, додека пак на Сибил трет брак, а тие немаат заеднички деца.

Сепак, Редфорд од првиот брак со Лола Ван Венгер има четири деца – тројца синови и една ќерка.

„Таа е посебна личност. Помлада е од мене и е Европејка, што ми се допаѓа, тоа е еден целосно поразличен живот за мене“, изјавил своевремено актерот за својата сопруга, иако во текот на цела своја кариера се трудел да биде воздржан во медиумите кога станува збор за неговиот приватен живот.

Редфорд со години важел за најголемиот холивудски шармер и се раскажувало дека ниту една жена не можела да го одбие, а неговата руса коса и специфичен шарм исто така ги освојуваа дамите.

Тој неколку пати исто така признал дека добриот изглед му пречел во кариерата:

„Постојаното инсистирање на тоа како изгледам ме доведуваше до лудило, како да ме ставија во кафез. Им велам: Не, јас сум актер. Влегов во ова поради актерството, поради тој занает. За мене прашање на гордост беше да ги убедам во тоа. Но, наместо тоа слушам за својата руса коса. Добрата работа кај стареењето е тоа што повеќе немам толку коса“, изјавил актерот во една прилика.

ПретходнаWhatsApp престанува да работи за 43 типа на телефони. Погледнете дали вашиот мобилен е на списокот!
СледнаЛицемерни милијардери и скапа роденденска забава во Турција: Како Безос и Гејтс ја уништуваат планетата Земја?