Најголемиот колумбиски наркобос екстрадиран во САД! Тргувал со луѓе и кокаин

Колумбија во САД го екстрадирала наркобосот Дарио Антонио Усуга, попознат како Отониел, објавил колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез. Освен што Отониел е најбараниот трговец со дрога и лидер на кланот Дел Голфо, тој е и најопасен трговец со луѓе на светот, пишува „BBC“.

Отониел бил уапсен во ноември по седум години криење, а минатиот месец врховниот суд во Колумбија ја одобрил неговата екстрадиција во САД.

Google search engine

Наркобосот во САД е баран поради обвиненија за трговија со дрога. Колумбиските власти велат дека кланот на Отониел шверцувал меѓу 180 и 200 тони кокаин годишно.

Колумбискиот претседател го споредил со Пабло Ексобар

Најавувајќи ја екстрадицијата, Дуке го споредил Отониел со озлогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар.

„Оваа екстрадиција покажува дека никој не е над колумбиската држава“, рекол Дуке преку видео-порака, обвинувајќи го Отониел за убиство на лидери на цивилни друштва и полицајци.

Пред да биде уапсен, Отониел бил најбаран човек во Колумбија и колумбиската влада понудила награда од 800.000 долари за информации за неговото престојувалиште. САД нуделе награда од пет милиони долари за информации за наркобосот.

Клан дел Голфо

Дел Голфо делува во многу провинции и има меѓународни врски, се занимава со шверц на дрога и луѓе, како и легалното ископување на злато и изнуда.

Се верува дека кланот има околу 1.800 членови, во главно регрутирани од крајните десни паравоени организации. Членови на Дел Голфо се апсени во Бразил, Аргентина, Перу, Хондурас и Шпанија. Кланот има контрола над многу рути кои се користат за шверц на дрога од Колумбија во САД.

Американските власти ги опишуваат членовите на кланот како тешко вооружени и многу насилни. Отониел е уапсен во својата скривница во руралниот дел на Колумбија, во покраината Антиока, во близина на границата со Панама.

Во операцијата за апсење на Отониел учествувале 500 војници и 22 хеликоптери, пишува „BBC“.