Најголеми митови за новите соеви на коронавирусот: Не верувајте во сè што ќе чуете!

За почеток, воопшто не е точно дека новите соеви на коронавирусот ги изненадија научниците.

Во изминатите месеци веста за новите соеви на коронавирусот се прошири низ светот – прво во Велика Британија, потоа во Јужна Африка и Бразил, а сега откриен е и во САД.

Google search engine

Ова се четирите вообичаени митови за новите соеви на коронавирусот и неколку детали за тоа што засега го знаеме:

1. Новите соеви ги изненадија научниците

Центрите за контрола и превенција на болести објаснија дека вирусите непрекинато ја менуваат својата мутација и дека се очекуваат и нови варијации на вирусот. Од почетокот на пандемијата, експертите беа свесни и подготвени за развој и ширење на новите соеви. Меѓутоа, фактот дека овие варијанти брзо се проширија сугерира дека истите постоеле и пред здравствените работници да ги детектираат.

2. Новите соеви на коронавирусот се многу поопасни од изворниот

Сè уште нема официјални податоци кои што би потврдиле дека новите соеви на вирусот создаваат потешка клиничка слика или пак предизвикуваат поголема смртност кај луѓето. Британските научници неодамна изјавија дека британскиот сој на коронавирусот е позаразен и посмртоносен. Тоа го објаснија со примерот: дека доколку 1.000 мажи постари од 60 години се заразени со изворниот вирус, истиот би предизвикал 10 смртни случаи, а новиот сој на коронавирусот 13 или 14 смртни случаи.

3. Моменталните вакцини не се ефикасни против новите соеви на коронавирусот

Според досегашните податоци, вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“ даваат одредена заштита против новите соеви на коронавирусот, а во помала мера ефикасни се и кај сојот од Јужна Африка. И двете компании работат на тоа да ја зајакнат вакцината за истата да биде што поефикасна и против новите соеви на коронавирусот.

4. Не може да се спречи ширењето на новите соеви на коронавирусот

Иако новите соеви на вирусот брзо се шират, постоечките епидемиолошки мерки кои што го успорија изворниот вирус можат да го успорат и ширењето на новите соеви на коронавирусот, пренесува „Huff Post“.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.