Најголемата пејачка од Авганистан побегнала од Талибанците: Се огласи од авионот за евакуација

Аганистанската поп пејачка, Арјана Сајид, се огласила на својот Инстаграм профил и објавила фотографија од бегството од својата земја, пренесува „Дејли мејл“.

Арјана инаку со години добивала закани од луѓето кои веруваат дека нејзината музика, изгледот и настапите се спротивни на културата во Авганистан.

Google search engine

Таа објавила фотографија на својот Инстаграм профил. Седела на под во американски воен авион, заедно со другите луѓе кои се евакуирани од Авганистан.

Под фотографијата Сајид напишала дека им е благодарна на сите кои ѝ упатиле добри желби и кои веруваат дека Авганистан ќе престане да биде на мета на насилство, како самоубиствените напади, откако го преземаа Талибанците.

„Добра сум и жива сум, и после неколку незаборавни ноќи, стигнав во Доха, каде чекам лет до Истанбул“, напишала таа.

Исто така им се заблагодарила на следбениците на нивната грижа за неа, порачувајќи им да ‘останат безбедни и единствени’.