Најголем пораз во историјата на НАТО. Јанша без влакна на јазикот. Им оставивме најмодерно оружје на талибаните и “избегавме”

Многу земји беа изненадени од брзината со која Талибанците го освоија целиот Авганистан.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја опиша ситуацијата во Авганистан и предавањето модерно оружје на Талибанците како „најголем пораз во историјата на НАТО“.

Google search engine

Јанша на Твитер рече дека оставањето на авганистанските сојузници на Талибанците е „терор“ и „срамен чин“.

Сето тоа е симбол на крајот на една ера – изјави Јанша, пренесува АП.

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден и повеќето од меѓународната заедница беа запрепастени од брзината со која Талибанците ја освоија територијата на државата, го зазедоа Кабул и ја презедоа власта, што доведе до општа паника и обиди за бегство од аеродромот во главниот град на Авганистан.