Најдлабокиот базен на светот ќе чини 210 милиони долари, a еве за што ќе се користи

Најдлабокиот базен на светот – „Blue Abyss“ ќе чини 210 милиони долари, а градењето е планирано во британски Корнвол.

Неговата длабочина е еднаква на околу 17 олимписки базени или 168 милиони шолји чај.

Google search engine

Комплексот нема да биде отворен за јавност, туку за научни истражувања – поточно за обука на идните астронаути, пренесува британски „Daily Mail“.

Градењето ќе започне штом ќе се обезбеди потребната дозвола, а крајот на градењето е планиран за втората половина на 2023 година.

 

„Blue Abyss“ ќе биде првиот комерцијален тренинг центар за астронаутите кој ќе се подготвуваат за мисии, во простор без гравитација.

Проектот сигурно ќе повлече бројни филмомани за снимање под вода, се наведува во објаснувањето.