Најбогатиот руски олигарх го предупреди Западот: Вие ништо не разбирате. Да му се каже било што на Путин против војната би било самоубиство

Еден од најбогатите руски олигарси, Михаил Фридман, рече дека санкциите нема да го спречат Владимир Путин да продолжи со инвазијата на Украина, предупредувајќи го Западот дека не разбира како функционира моќта во Москва. Михаил Фридман, сопственикот на групата Алфа, за Блумберг изјави дека обидот да се принудат руските олигарси да вршат притисок врз Путин е нереална цел.

„Ако луѓето одговорни во ЕУ ​​веруваат дека поради санкциите би можел да му пријдам на Путин и да му кажам да ја прекине војната и дека тоа ќе успее, тогаш се плашам дека сите сме во голема неволја“, рече Фридман, цитиран од BBC.

Google search engine

„Ова значи дека оние што ја носат оваа одлука не разбираат ништо за тоа како функционира Русија. И тоа е опасно за иднината.

Фридман, кој беше санкциониран од Британија и ЕУ, рече дека е малку веројатно некој во орбитата на Путин да разговара со него за завршување на војната.

„Растојанието на моќта меѓу Путин и кој било друг е како растојанието меѓу Земјата и вселената“, рече Фридман. „Да му се каже нешто на Путин против војната, за било кој, би било самоубиство“, додаде тој.

Да потсетиме, денеска е 23-ри ден од руската инвазија на Украина. Украина се надева дека ќе ги евакуира цивилите преку девет хуманитарни коридори од градовите, вклучувајќи го и Мариупол. Расте бројот на жртви во Чернихив , а погодено е и училиштето во Мерефа. Евакуацијата би можела да дојде еден ден откако претседателот Володимир Зеленски изјави дека руските сили намерно нападнале театар во Мариупол каде што се засолниле стотици цивили.

Русија негира дека цели на цивили. Украинската служба за итни случаи, исто така, во четвртокот објави дека најмалку едно лице загинало, а три се повредени кога остатоци од соборен проектил паднале врз станбена зграда во украинскиот главен град Киев. Украинските служби за итни случаи објавија и дека во четвртокот вечерта руска ракета погодила училиште во Мерефа, град во југозападната област на Харков. Зградата е делумно уништена, а пожарникарите го гаснат пожарот. Руските сили на сите фронтови, копно, море и воздух, постигнаа минимален напредок во последните денови во нивната инвазија на Украина, проценува британското воено разузнавање во извештајот од четвртокот.