Бесарт Дурмиши денеска на прес конференција апелираше до граѓаните на Тетово да останат дома и да не излегуваат доколку немаат итна работа.
Ова се однесува на денешниот и утрешниот ден поради загадување на воздухот од големиот пожар кој избувна во Тетово.
Побарана е и хеликоптерска поддршка.
Дурмиши информираше и дека неколку лица се задушиле.