Над осум милијарди долари чуваа во ФЕД во Њујорк. Минатата недела им ги стопираа парите на властите во Кабул. Банкарите знаеле што ќе се случи!?

Гувернерот на Централната банка на Авганистан, Ајмал Ахмади, изјави денеска дека земјата има околу девет милијарди долари резерви во странство, и речиси ништо во готово во земјата, пренесува Бета.

Ахмади на Твитер изјави дека најголем дел од таа сума, околу седум милијарди долари, е во централната банка на САД, во обврзници, пари и злато.

Google search engine

Износот на долари во готово во Авганистан е „близу до нула“, рече Ахмади, додавајќи дека земјата не ја доби планираната испорака на пари минатата недела, за време на офанзивата на Талибанците, која во меѓувреме ја презеде целата територија.

Испораката не дојде. Се чини дека нашите партнери имаа добри разузнавачки информации за тоа што ќе се случи, рече Ахмади.

Тој додаде дека недостатокот на долари во готово најверојатно ќе доведе до зголемување на инфлацијата.

Пристапот до резервите на САД ќе биде комплициран бидејќи американската влада ги смета Талибанците за терористичка група.