Над 20.000 прегледи за еден ден! Антониа Гиговска непрепознатлива во новиот спот

„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, која јавноста има можност денеска премиерно да ја слушне, а е дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната, во која Антониа верува и која влегува во уво на прво слушање, е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема која има потенцијал за кусо време да го носи предзнакот – летен хит. Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски.

Google search engine

 

„„Магла“ е дел од албумот „2001“ што ќе содржи 12 нумери, меѓу кои дел веќе пуштени во етерот, но и дел комплетно нови. Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е „љубов на прв поглед“ доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу ѝ верувам“, вели Антониа.

„Се потрудивме сè да изгледа на едно повисоко ниво. Ништо не е случајно во спотот – од гардероба која е нарачувана од странство и е од брендовите Pretty Little Thing/Akira/Oh Polly, до учесниците во видеото кои се бирани внимателно… Сакав публиката да види нешто ново од мене, една нова Антониа. Сакав да се прикажам во едно поинакво светло“, вели Гиговска.

Дали целта е постигната останува последниот суд да го даде публиката.