На свеченото доделување го придружуваа две дами – поранешната сопруга и новата девојка! Која е убавата девојка на Карим Бензема?

Карим Бензема вчера ја освои својата прва Златна топка, а на свеченото доделување го придружуваа две дами – поранешната сопруга Кора Готје и новата девојка Џордан Озуна.

За љубовта на Карим и Џордан се дозна ова лето, откако беа заедно видени на јахта на почетокот на јули.

Google search engine

Работела како келнерка во „Hooters“

Џордан ја потврди романсата нешто подоцна кога на својот Инстаграм профил објави фотографија на која таа и фудбалерот позираат прегрнати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan (@jiordyn)

Многумина останаа изненадени од ваквиот развој на настани бидејќи претходно се шпекулираше дека Бензема ѝ се вратил на Клои де Лони, мајката на неговата најстара ќерка, а сè уште е во брак со Кора Готје, со која го има синот Ибрахим роден 2017 година.

Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со моделинг уште од мали нозе, а едно време работела и како келнерка во „Hooters“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan (@jiordyn)

Моментално има договори со повеќе американски агенции, а исто така е инфлуенсерка со повеќе од 400.000 следбеници на Инстаграм кои редовно ги развеселува со фотографии од својата извајана фигура.

Непријатност на доделувањето

За потсетување, во текот на доделувањето на Златната топка ситуацијата станала непријатна кога Бензема во текот на говорот му се заблагодарил на семејството. Имено, тогаш камерите биле насочени кон мајката, синот и неговата поранешна партнерка, додека неговата сегашна девојка останала надвор од фокусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan (@jiordyn)

Џордан и Карим не позирале пред новинарите на црвениот тепих, иако тоа го направиле подоцна, но манекенката се пофалила на Инстаграм со заеднички фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan (@jiordyn)