Олена и Володимир Зеленски биле видно расположени додека му се обраќале на својот народ, само два дена пред датумот кога започнала инвазијата врз Украина.
„Заедно сме, дома сме, во Украина сме“, вели Зеленски во видеото на кое е насмеан, додека пак Олена во рацете држи букет со цвеќе.
И украинската прва дама имала порака за својот народ и својата земја:
„Се сакаме, ја сакаме и Украина“.
View this post on Instagram
По краткиот говор кој го приредиле по повод Денот на вљубените, се бакнале, овојпат во образ, а самото видео деновиве почна да се шири на интернет и истото предизвикало различни мислења.
И, додека некои се восхитуваат на претседателот и неговото семејство, има и такви луѓе кои сè искористиле за да го критикуваат Зеленски тврдејќи дека тој донекаде е виновен за настанатата ситуација поради тоа што го убедувал народот дека сè ќе биде во ред.
Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во брак е со Володимир од 2003 година и имаат две деца, ќерката Александра (18) и синот Чирил (9).
Во овие моменти, Олена храбро стои покрај својот сопруг, поддржувајќи го во сите одлуки во кои се обидува да ја спаси Украина од руската инвазија.