Камила Кабељо во тесно, спортско издание прошетала низ Торонто, па повторно гордо ги покажал своите облини.
Славната пејачка Камила Кабељо овие денови се наоѓа во Торонто, родниот град на своето момче Шон Мендез во кој папарацо фотографите ја „уловиле“ додека шетала.
24-годишната поп ѕвезда во последно време се најде на насловните страници од светските медиуми и тоа поради тоа што одлучи на сите да им ги покаже т.н. ситни недостатоци од своето тело кои повеќето од жените се срамат да ги покажат.

Но, Камила без проблем шета во тесни модни парчиња и го покажува голиот стомак, но и сите свои облини, како и природното лице без шминка.
„Го сакам своето тело“, порачала таа неодамна на снимка која ја споделила на социјалната мрежа ТикТок.
„Трчав во паркот и се занимавам со својата работа трудејќи се да бидам во форма, трудејќи се да бидам здрава. Трчав како секоја нормална личност и не го вовлекував мојот стомак.

Благодарна сум на ова свое тело кое ми дозволува да правам тоа што треба. Жените се создадени за да имаат облини, целулит, стрии и масти. И мора да го имаме тоа“, изјавила пејачката која е одличен пример за младите жени кои се обидуваат да исполнат некои стандарди за убавина.


