Клиничкиот центар во Сараево е пред колапс, тие цела ноќ примаат нови пациенти. Тој тренд продолжи и денес.
Ја надминавме границата на она што можеме да го поднесеме. Во секој случај, пораката е дека граѓаните треба да водат сметка и добро да се грижат за своето здравје – се наведува во соопштението на оваа институција.
Сите достапни места во овој респираторен центар се веќе пополнети, односно веќе има апсолутнота пополнетост од 68 кревети со респираторна поддршка и надминат е лимитот од 480 пациенти што можат да ги прифатат.
Страв и неизвесност, тоа е она што е постојано присутно кај пациентите.
Почитувани граѓани, короната постои, пазете се, особено вие младите, ова е многу лошо искуство, ви посакувам се најдобро, рече еден од пациентите.
Бројот на заразени расте од ден на ден. Клиничкиот центар е преоптоварен. Луѓето се на крајот од своите сили, пренесува Хајат.
По дводневната блокада во Сараево, вратите на рестораните и трговските центри денес повторно се отворени.
Меѓутоа, и покрај тоа што угостителските објекти работат според стандардното работно време, улиците во центарот на градот вечерва се морничаво празни. Во главниот град на Босна и Херцеговина, бројот на заразени се зголеми во последните денови, а минатиот викенд Сараево беше во делумна блокада.

Поради влошената епидемиолошка состојба во главниот град, Собранието и Владата на Кантонот Сараево сè уште дискутираат за состојбата со коронавирусот, но и за можните мерки што би го запреле ширењето на пандемијата.
Исто така, треба да се напомене дека БиХ сè уште не набавила вакцини за коронавирус, а усогласеноста со епидемиолошките мерки во моментов е единственото нешто што им преостанува на граѓаните. Во последните 24 часа во Сараевскиот кантон биле обработени 1.359 тестови, од кои 502 биле позитивни, додека 13 лица починале во истиот период.