На повидок војна меѓу Пентагон и Бајден! Новоизбраниот претседател обвинува дека министерството за одбрана не соработува со неговиот тим

Вршителот на должноста американски министер за одбрана Кристофер Милер, ги отфрлил критиките на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, дека дел од Пентагон не соработува во целост со неговиот транзициски тим.

Бајден, имено, во понеделникот ја обвинил администрацијата на Доналд Трамп за ускратување на клучни податоци за национална безбедност.

Google search engine

Тој притоа посебно го означил политичкото раководство на Пентагон и Канцеларијата за управување и буџет.

Милер на тоа реагирал со соопштение во кое навел дека службениците во Пентагон оваа недела имаат закажани три разговори со тимот на Бајден, од кои два се однесуваат на коронавирусот, а еден на сајбер-безбедноста.

Како што додал, дополнителни разговори се планирани за почетокот на јануари.

Министерството за одбрана на тимот на Бајден му доставило повеќе од 5.000 страници документи, што е многу повеќе од тоа што барале, истакнал Милер.

Потсетуваме, тензиите меѓу Пентагон и транзицискиот тим на Бајден траат веќе некое време.

Неодамна службеници од американското Министерство за одбрана објавила дека на состаноците со тимот на Бајден е договорена празнична пауза после која би продолжил процесот на примопредавање.

Меѓутоа, Јоханес Абрахам, директор на транзицискиот тим на Бајден тврди дека такво нешто не е договорено.