На под во супермаркет пронашол список за пазарење кој ретко се гледа: „Ќе испаничи кога ќе види дека го изгубил листот за попис“

Еден купувач од Германија пронашол интересен список за пазарење на подот од една продавница, а фотографијата од списокот ја објавил на Твитер каде за кратко време станала хит.

„Најдено на под во супермаркет. Дали го сметате ова за исклучително добро организирано или крајно претерано?“, напишал тој во објавата.

Google search engine

Иако списоците за пазарење многумина ги пишуваат на брзина, не мислејќи многу за обичниот лист хартија, овој непознат купувач навистина се потрудил. На фотографијата се гледа испечатен лист хартија со табели во повеќе бои, на кој производите биле поделени по групи.

„Целиот список е дури и организиран по рафтови како во продавница“, додал човекот кој го пронашол листот хартија.

„Ако имате време, во ред е, но за мене лично ова е премногу работа. И користам само една апликација“, искоментирал еден.

„Ах, ќе испаничи кога ќе види дека го изгубил листот за попис“, се пошегувал друг.

- АУДИО РЕКЛАМА -