Има само 27 години, а веќе неколкупати била подложна на пластични операции.
Чарли не била задоволна од својот изглед, па решила да направи неколку пластични корекции за што е можно повеќе да личи на барбика.
Иако е многу млада, не гледа ништо чудно во тоа што сака да го промени својот изглед и што била подложна на многу зафати.
Оваа млада девојка досега направила многу операции, како филери на усните, ботокс, филери на образите и брадата, како и зголемување на градите. Исто така ги тетовирала усните и веѓите, а се проценува дека за сето тоа искеширала 17.000 фунти.

Иако многумина коментираат дека единствено во што успеала е да го уништи лицето, а не да личи на барбика, таа не обрнува внимание на коментарите и тврди дека тоа го велат оние кои ѝ се љубоморни.
„Не гледам проблем во пластичните операции. Ако не сте задоволни со изгледот, тогаш променете го. И така сето тоа го плаќа мојот сопруг Рос. Нему му се допаѓа мојот нов изглед. Дефинитивно ми се допаѓа изгледот на Барби куклите и би рекла дека тие се мојата инспирација. Ми се допаѓа тенкиот струк, големите гради, големите усни, долгата руса коса и убавиот тен. Едноставно се чувствувам попривлечно и имам повеќе самодоверба“, вели таа.