Светски ѕвезди и бројни познати личности денес во живо ги следеле натпреварите на Вимблдон, но не само тоа.
Никогаш пожешка сцена не била снимена на трибините. Главни актери биле моделот Кара Делевињ и нејзината девојка, Минке. Додека светскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, се борел на теренот, некои се препуштиле на уживањето – и тоа буквално.

Кара Делавињ страсно се бакнувала со својата девојка на трибините на Вимблдон.
На трибините на тенискиот турнир во Лондон имало што да се види. Кара Делевињ (30), инаку прекрасно стилизирана, им се препуштила на страстите додека истовремено на теренот се водела битка. Паралелно, на „Твитер“ имало наплив од негативни коментари за неа поради нејзиниот негативен гест кон Мартин Брендли на неодамна одржаниот „British Grand Prix“.


Тоа не ја вознемирило премногу Кара Делавињ – напротив. Таа и нејзината девојка, Минке, чие вистинско име е Лиа Мејсон, ја прикажале страста која ги поврзала. Се нашло дури место и за јагоди, во кои манекенката уживала помеѓу бакнежите. Тие две потврдиле дека се во врска минатата година, меѓутоа не се експонирале многу во јавноста.


На трибините на Централниот терен, се случувала вистинска ерупција од страсти, а на самиот терен лавовска борба на Новак Ѓоковиќ, кој го совладал Хуберт Хуркач (7:6, 7:6, 5:7, 6:4) и се пласирал во четвртфиналето на Вимблдон, а по мечот изјавил дека полскиот тенисер со неговиот сервис му направил големи проблеми.

Ѓоковиќ, како и секогаш, има почит кон противниците, а на Кара Делавињ, која одбила интервју со Брендсли, ѝ недостигала почит според твитерџиите, додека Сем Рајдер постапил сосема поинаку.
