На мета на руските агенти: Зеленски избегна 10 атентати, беше цел на Вагнер и Чеченците. Во последните 5 дена имало 7 обиди за негова елиминација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеа десет обиди за атентат, изјави неговиот советник Михаило Подољак, како што објави Киев пост.

Според најавите на Business Insider на 4 март, се наведува дека Русите од почетокот на инвазијата трипати се обиделе да го убијат Зеленски. Затоа, ако им се верува на овие тврдења, првиот човек на Украина веќе седум пати во последните пет дена требало да биде егзекутиран од „руски агенти“.

Реклама

Наводно, платеници на Вагнер, приватна армија во сопственост на блискиот соработник на Путин, Евгениј Пригожин, и чеченските специјални сили под чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, се обиделе да го убијат Зеленски во последните денови.

Властите во Киев, како и многу западни лидери, постојано истакнуваат дека планот на Москва е да го убие Владимир Зеленски и да го замени со лице лојално на режимот на Кремљ.

 

Реклама