На место каде што има зеленило се планира изградба на зграда од осум ката

Во градската четврт Ј11 во општина Кисела Вода, на простор каде што сега има зеленило, треба да се гради градинка, а веднаш до неа зграда на осум ката.

Граѓаните на општината реагираат дека тој дел од општината е најзапоставен и има огромен сообраќаен и комунален хаос и дека со изградбата на новата зграда тоа многукратно ќе се зголеми.

Затоа тие реагираат до градоначланикот Филип темелковски и до општината да ја повлечат идејата за изградба на зградата затоа што тоа е во спротивност на желбите и потребите на луѓето што живеат во тој дел од главниот град.

– Го гледам новиот предлог Детален урбанистички план на Општина Кисела Вода и се чудам…

Има многу „лудории“, но ќе се задржам на една од нив…

Градска четврт Ј11 Општина Кисела Вода.

Замислете, на ЕДИНСТВЕНОТО зеленило во овој дел од опшината се предвидени две градби. (државно земјиште)

Едната е градинка на 2 спрата (што во овој случај и не е проблем, бидејќи верувам ќе изгледа убаво и ќе биде од корист на сите жители.) Но, за да не остане само на тоа, веднаш до неа е предвидена зграда од 8 спрата (на само 7-8м од соседната зграда )❗️

Можам да кажам дека и до сега овој дел од општината е најзапоставен и живееме во сообраќаен и комунален хаос. (не сакам да замислам што ќе биде ако ова сѐ реализира).

Него сакам да ги прашам одговорните од Општина Кисела Вода:

Па добро бе, како ви текнуваат вакви работи? Од кај дојдовте? Кај живеете вие? Имате ли деца? Нели Ви е кеиф да ги прошетате надвор? Дишете ли и вие воздух? Или многу пари се во игра па замижавте?

Читам Градоначалникот Филип Темелковски и советниците се обврзале дека ќе се грижат за зеленилото и ќе ја почитуваат волјата на граѓаните.

Епа ова не е волјата на граѓаните…

#ЏабеВиЕНемаДаВиПомине #НееОваНаТаткови – стои во реакцијата на граѓаните на Кисела Вода.