На Инстаграм зрачи со сексапил, а во живо е непрепознатлива!

Јасно е дека сите сакаме да изгледаме добро и да оставиме што подобар впечаток за себе. Меѓутоа, за оваа пејачка велат дека претерува кога станува збор за шминката и обработката на фотографиите.

Карди Би и Ники Минаж се жени кои го држат првото место кога станува збор за женскиот рап. Денес Карди Би заработува милиони, се оствари во улогата на мајка, полни концертни сали и има милиони обожаватели ширум светот.

Google search engine

Меѓутоа, таа се уште е мета на негативни критики, а фановите често ја напаѓаат дека изгледа непрепознатливо без шминка. Но, се чини дека тоа на Карди Би воопшто не ѝ смета и им порачува на сите дека мора да се сакаат себеси во сите изданија.

Таа не се плаши да објавува фотографии на кои е без шминка, но и на кои не користи филтри и со нив испраќа порака до сите девојки и жени.

„Не ги разбирам негативните коментари. Јас сум од оние јавни личности кои себеси се имаат покажано пред светот во најразлични изданија. Жената не може и не треба во секој момент да изгледа совршено и сосема е нормално да изгледаме подобро со малку шминка“.

- АУДИО РЕКЛАМА -