На границата со Унгарија уапсен украински генерал, се обидел да бега! Зеленски: “Немам време да се занимавам со предавници”

Граничната полиција утврдила дека тој е еден од високите лица во украинската разузнавачка служба СБУ.

Украинската гранична полиција во петокот запре маж кој се обидел да ја напушти земјата и да замине во Унгарија, а притоа им покажал документ со кој се ослободуваат од општата обврска за мобилизација.

Google search engine

Како што јави агенцијата Укринформ, документот бил лажен, а набрзо се испоставило дека тој е еден од водачите на украинската тајна служба СБУ, човек со чин генерал кој за потребата на своето бегствоси го одзел чинот генерал и станал обичен војник со потврда за воена неспособност.

Според германски Билд, неименуваниот генерал бил спречен да ја напушти земјата и набрзо бил уапсен, а против него била покрената истрага.

Случајот накратко го коментираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото редовно видео обраќање до нацијата доцна во ноќта.

–Немам време да се занимавам со предавници, рече Зеленски, кој од почетокот на војната отстрани двајца високи функционери од СБУ, украинскиот наследник на советската КГБ, но не даде детали за причините. Познато е само дека еден од нив бил шеф на СБУ во Херсон, град кој потпаднал под руска окупација.