Директорот на германската агенција за контрола на болести, Лотар Вилер, предупреди дека на земјата и се заканува навистина страшен Божик, доколку не се преземат чекори за сузбивање на наглиот раст на заразата со коронавирусот.
Германските парламентарци расправаат за мерките кои ќе ги заменат постојните епидемиолошки прописи ширум земјата кои се со важност до крајот на овој месец. Германската агенција за контрола на болести Институт Роберт Кох соопшти дека во еден ден се пријавени 65.371 новопотврдени случаи со што продолжува нагорниот тренд за кој експертите предупредуваат со недели.
Одиме кон сериозна вонредна ситуација. Ќе имаме навистина ужасен Божик доколку сега не преземаме контрамерки, изјави Лотар Вилер, директор на агенцијата.
Вилер рече дека Германија треба да ја зголеми стапката на вакцинација значително над 75 проценти од сегашните 67,7 посто. Некои региони во Германија имаат стапка на вакцинација од само 57,6 проценти.
Вилер повика на затворање на клубовите и баровите, откажување на големите настани и пристап до јавниот живот на оние со вакцина или со сертификат за прележан ковид.
Вилер предупреди дека болниците ширум Германија имаат потешкотии во обезбедување на кревети за пациентите од ковид 19 и оние со други болести.