На Америка и се заканува катастрофа: Во долгови се до гуша, Бајден е принуден да направи очаен потег

Американскиот претседател Џо Бајден ќе побара од Конгресот да одобри буџет од 6.000 милијарди долари во 2022 година, што ќе му даде ресурси за спроведување на амбициозна агенда во областите на инфраструктурата и социјалната политика. Сепак, планот дополнително го зголемува јавниот долг на земјата, кој се проценува дека ќе скокне на 117 проценти од БДП до 2031 година, што е повеќе отколку во Втората Светска Војна.

Трошоците на федерално ниво се предвидува да се зголемат во следната деценија и да бидат 8,2 илјади милијарди долари до 2031 година, пишува „Њујорк тајмс“. Дел од тие пари, односно 2,3 илјади милијарди, се наменети за инфраструктура, а 1,8 милијарди долари за помош на семејствата. Ниту еден од овие предлози сè уште не е донесен од Конгресот.

Google search engine

Буџетот е важен показател за политиката на претседателот, но последниот збор го има Конгресот, кој одлучува дали ќе биде усвоен и како ќе бидат потрошени парите. Демократите во моментов имаат тесно мнозинство во двата дома на Конгресот, но републиканците исто така имаат многу забелешки на предлогот за зголемување на даноците.

Говорејќи во четвртокот во Кливленд за инвестициите, Бајден рече дека сега е време да се инвестира во иднината.

Без големи изненадувања

Во април, администрацијата објави детален план за трошење пари во 2022 година, како и план за дискреционо трошење.

Тој буџет претставува остар пресврт во однос на политиката на Доналд Трамп, кој бараше намалување на трошоците за владините агенции. На пример, Секретаријатот за образование, според планот на Бајден, доби 41 процент повеќе пари, а Секретаријатот за трговија 28 проценти повеќе. Секретаријатот за здравствена заштита и човечки ресурси доби 24% пораст, а Агенцијата за заштита на животната средина 21% повеќе пари.

Администрацијата предлага да се зголеми буџетот за неодбранбениот сектор за 16 проценти, додека 1,7 проценти повеќе пари се издвоени за трошење на одбраната, така што буџетот на Пентагон ќе биде околу 753 милијарди долари.

Што е изоставено?

Во предлозите на Бајден недостигаат некои ставки, како на пример оние дека на студентите ќе им бидат простени заеми од 10.000 долари по човек.

Критичарите на планот велат дека тој ќе ги зголеми владините трошоци за даночните обврзници, ќе го зголеми дефицитот и ќе ги намали трошоците во некои области.

Зголемен јавен долг

Напорите на владата да го намали ефектот на пандемијата доведе до најголемо трошење од Втората Светска Војна.

Планот на Бајден предвидува државните трошоци да бидат 25 проценти од БДП во следната деценија.

Вкупниот федерален долг беше повеќе од 100 проценти од БДП за време на пандемијата. Сепак, дури и со планот за закрепнување на економијата, буџетскиот предлог на Бајден предвидува долгот да остане над нивото на БДП. Се проценува дека до 2031 година јавниот долг на Америка може да се искачи на 117 проценти од БДП.

– Тоа е голем долг. Пред Големата рецесија, долгот беше 40 проценти од БДП. Пред пандемијата, тој беше 80 проценти. Оваа година достигна 100 проценти, а рекордот е 106 проценти во Втората Светска Војна, така што 117 проценти го надминуваат тоа. Тоа значи многу повеќе заеми, вели Марк Голдвин од Комитетот за одговорен федерален буџет.

Сепак, тој вели дека буџетот не предвидува трошоци за кризи како што се пандемија или војна.

Претходна„Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија
СледнаНамирници кои сериозно треба да ги избегнувате