На 19 години го освоила срцето на еден од најзгодните мажи во Европа, а потоа бизарната секта ѝ го уништила животот: Верувала дека е сестра на Исус, а еве како живее денес

Водителката Мишел Хунцикер неодамна била фотографирана на популарната италијанска плажа Милано Маритима со ќерките Селест и Сол, а во таа прилика ја покажала завидната фигура во шарено бикини.

Убавата русокоса се пофалила со бујното деколте, рамниот стомак и затегнатиот задник, но и покажала дека успеала да ја сочува раскошната природна убавина со која во раната младост го освоила Ерос Рамацоти, еден од најзгодните мажи во Европа.

Google search engine

Мишел која е со италијанско-швајцарско потекло, го запознала познатиот музичар во 1996 година кога имала само 19 години, а истата година ја добија и ќерката Аурора. Парот се венчаше во 1998 година, а беше заедно до 2002 година иако нивниот развод беше судски завршен дури во 2009 година. Ерос на нивната ќерка Аурора ѝ ја посвети песната „L’aurore“, а интересно е што од друга страна неговиот познат хит „Più bella cosa“ е посветен токму на Хунцикер.

Оваа Швајцарка и пејачот ставиле крај на бракот поради нејзината припадност на бизарниот култ „Warriors of Light“ чија активна членка била 5 години, а строгите правила во внатрешноста на оваа заедница ѝ забранувале алкохол, пушење цигари, сексуални односи, па дури и мастурбирање за наводно да остане „чиста“.

Во самиот култ ја вовлекла докторката која во тоа време му помогнала на Ерос да го излекува воспаленото грло.

Мишел морала да јаде само веганска храна, а ѝ било кажано дека „пицата не е ништо друго туку концентрација на демонските моќи“. Таа ја издала автобиографијата „A Seemingly Perfect Life“ во која помеѓу останатото се осврнала и на она низ кое прошла во овој култ.

„Пред состаноците моравме да се истушираме и да облечеме бела облека. Секогаш моравме да ги соблекуваме чевлите на прагот, а потоа повторно моравме да ги измиеме рацете и да седиме во круг пред да започнеме со сеансите на медитација“, напишала Мишел.

„Сексуалноста беше животински инстинкт, валкана и непотребна. Моравме тој инстинкт да го подигнеме на повисоко ниво, да го сублимираме и да го претвориме во внатрешна енергија“, додала таа, истакнувајќи и дека живеела со убедувањето дека е сестра на Исус и реинкарнација на нацистичка невеста.

Хунцикер била опседната до таа мера што прекинала контакт со семејството, пријателите и колегите, и тоа ја загрозило нејзината кариера. Култот го напуштила на 25-годишна возраст откако се развела од Рамацоти, кој безуспешно се обидувал да ја одврати од лудите идеи, а открила дека верува дека на крајот би умрела доколку останела во оваа секта.

Водителката повторно се венчаше во 2014 година за наследникот на модната империја „Trussardi“, Томасо Трусарди, а со него ги има ќерките Селест и Сол, но минатата година му стави крај и на овој брак.

- АУДИО РЕКЛАМА -