На 18 години завршила на забавите на Берлускони – еве како изгледа денес манекенката која била сведок на судењето против развратот
Амбра Гутиерез е манекенката која ги пријавила т.н. „бунга бунга“ забави на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, како и непримерните обиди на сексуално злоставување од страна на американскиот продуцент Харви Вајнстин.
Италијанската манекенка денес живее во Мајами и изгледа никогаш поубаво. И натаму се занимава со моделинг, а голем дел од слободното време им го посветила на хуманитарните работи.

Некогашната финалистка на натпреварот „Miss Italia“, привлекла внимание во светските медиуми откако како малолетна девојка завршила на една од приватните забави на премиерот Силвио. Амбра тогаш не можела да претпостави дека одењето на таа забава буквално ќе ѝ го смени животот.
Таа била таа која ги пријавила тие забави во полиција и работата медиумски одекнала како бомба. Подоцна таа сведочела за оваа пријава за проституција на забавите. Настаните влијаеле на текот на нејзината манекенска кариера.

Таа станала еден од главните сведоци на судењата во 2011 година на кои поранешниот италијански премиер бил обвинет за развратни забави и кој често уживал во друштво на малолетни проститутки.
На судот изјавила дека Берлускони ѝ се заканил дека кариерата ќе ѝ биде завршена кога заминувала од забавата на која италијанскиот премиер ја допирал по задникот.
Новинарите постојано пишуваа за неа во медиумите доведувајќи ја во прашање веродостојноста на нејзината приказна, па Амбра се преселила во Америка по што Силвио Берлускони на крај бил ослободен од обвиненијата.
Среќата не траела долго и Амбра во 2015 година се нашла среде секс-скандал. Таа била меѓу првите жртви кои имала храброст во полиција да пријави моќен американски продуцент – Харви Вајнстин којшто три години подоцна бил осуден за сексуално злоставување на жени и малолетни девојки.

На полицијата ѝ раскажала како филмскиот могул непримерно ја допирал и се обидел да ја принуди на секс додека заедно го гледале нејзиното портфолио, па таа се согласила да носи скриен микрофон со помош на кој полицијата подоцна ја прислушкувала.
Носејќи го уредот под маицата Амбер се упатила на уште еден состанок со Харви. Во ходникот пред неговата хотелска соба, Амбра успеала да извлече признание од него, па подоцна го искористила против него на суд.

Благодарение на доказите и сведочењата од над 80 жени, вклучувајќи и бројни познати имиња од филмската индустрија, тој бил осуден на 23 години затвор поради силување и сексуално злоставување на жени.