25-годишната Кристина Озтурк од Русија, пред неколку години се запознала со 59-годишниот Галуп, на одмор во Грузија.
Како што вели, веднаш „кликнале“ и веќе на 17 години Кристина станала мајка. Ја добила првата ќерка, а денес, пет години подоцна – има 22 деца и не планира да престане!
Останатите деца не ги добила по природен пат, туку со помош на сурогат мајки, на кои досега им платила вкупно 156 илјади евра за сè што направиле за неа и нејзиниот сопруг.
„Отсекогаш сонував да имам големо семејство, исто како мојот сопруг. Веднаш откако се запознавме и се заљубивме, тргнавме да го оствариме нашиот сон. Не знам дали сме најголемото семејство во светот, но знам дека сме најсреќни“, вели оваа млада мајка.
View this post on Instagram
Кристина моментално живее во Батума и има помош од 16 дадилки. Таа го опишала својот сопруг како нејзин ментор, водич низ животот и принц од бајките. Смета дека со тоа што станала мајка рано, ништо не пропуштила и со нетрпение очекува да има уште деца.
„За потребите на децата трошиме околу 4.000 – 4.700 евра неделно. Моментално живееме во куќа на три ката, а во иднина ќе треба да изградиме уште поголема. Немаме точен план, бидејќи засега има место за сè“, открива мама Кристина.
View this post on Instagram
Како што пренесува „LADbible“, парот на почетокот планирал само едно дете, но подоцна сфатил дека имаат можност за повеќе деца.
Сите деца пристигнале во својот дом во период од 18 месеци. Галип има девет деца од претходната врска со партнерка кој е 10 години постара од Кристина.