На 15 години ѝ се придружи на Исламската држава, а сега бара прошка од Британија: “Не знаев што правам”

Шамима Бегун, која на 15 години побегна од Лондон за да ѝ се придружи на Исламската држава во Сирија и на која ѝ било одземено државјанството од Велика Британија се појави во средата во емисијата “Добро утро Британија” каде разговарала со водителите за својата моментална ситуација.

На прашањето зошто Британијатреба да ѝ прости, таа имала интересен одговор.

Google search engine

“Поради тоа што погрешив многу млада, на 15 години, а многу млади лица не знаат што сакаат со своите животи. Знам дека на Британците им е многу тешко да се обидат да ми простат”, рекла Шамима.

Кога водителката продолжила да го опишува ИСИС како “култ на смртта” Шамима била одлучна во тврдењето дека не знаела колку е навистина ИСИС лош.

“Мислев дека тоа е Исламска заедница. Мислев дека бев “дресирана” и искористена. Не знаев дека е војна. Всушност знаев дека е војна, но не и таму каде што живеат жени и деца. Не знаев дека ИСИС се обидува да го освои светот”, додава таа.

Шамима рекла дека не отишла во Сирија за да повреди некој.

“Не сакав никој да повредам во Сирија или било каде на друго место во светот”, додала таа.

“Не беше можно да се замине, мораше да пронајдете врска. Мојот сопруг, откако излезе од затвор постојано беше набљудуван. Исто така мораше да имате многу пари, а ние немавме”.

Сега вели дека никогаш не би се вратила таму: “Попрво би умрела отколку да се вратам во ИСИС”.

Според извори, таа била вклучена во бомбашките напади во Манчестер, а била видена и како им шиела елеци на бомбашите самоубијци, за да не можат да ги соблечат без да се деактивираат.

“Не, не го правев тоа. Мислам дека луѓето ги измислуваат тие работи само за да изгледам лошо”, признала Шамима.

Таа рекла дека единственото злосторство кое смета дека го направиле е што заминала во Сирија. Имала дури и порака за премиерот Борис Џонсон.

“Се борите со екстремизмот и тероризмот во земјата и сакам да помогнам во тоа. Мислам дека можам да помогнам во борбата против тероризмот бидејќи очигледно не знаете што правите”.