Министерството за здравство започна со редовни анализи на неделно ниво кои секој петок ќе ги објавува во јавноста.
Истите се однесуваат на процентот на вакцинирани граѓани меѓу позитивните случаи, како и починатите од Ковди-19 во државава.
Во анализата за вакцинирани граѓани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози од вакцината, а поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза на вакцината.
Во периодот од 6.8 до 12.8.2021 година на територијата на државава 3.497 граѓани се позитивно тестирани на Ковид-19, од кои 450 биле целосно вакцинирани односно само 12,8 отсто.
Голем процент (87,1 отсто) или 3.047 граѓани од позитивните Ковид случаи не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните изнесува 100 отсто, покажува анализата.
Во период од една седмица на територијата на државава починале вкупно 25 лица како последица на Ковид-19, а ниту еден од нив не бил вакциниран.
Министерството за здравство укажа на важноста на вакцинацијата, секоја вакцина која ја имаме е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, а само така ќе може да дојдеме до колективен имунитет и да спречиме ширење на нови мутации на коронавирусот.