МВР со известување: Нови правила за влез во Грција од Македонија

Од денеска македонските државјани може да ја преминат границата со Грција и со брз тест не постар од 48 часа.

„Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа“, соопшти МВР.

Google search engine

Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или ПЦР тест. Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

Како и досега, на ГП „Евзони“ нема да се дозволува влез од 22 до 06 часот по македонско време.