МВР со детали за сообраќајката во Влае

Првичните информации на Министерството за внатрешни работи велат дека досега две лица се јавиле со полесни повреди по сообраќајната несреќа која вечерва се случи во Влае.

Скопје Инфо објави дека тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае, во непосредна близина на комплексот „Порта Влае“.

Google search engine

Од Минитерството за внатрешни работи информираат дека едно возило удрило во паркирани автомобили и канделабра.Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.