МВР со детали за синоќешната сообраќајна несреќа во скопски Аеродром – младо момче загина, двајца се повредени (Фото)

Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи во скопски Аеродром и официјално ги потврди првичните информации на медиумите од теренот.

Од МВР соопштија дека едно лице го загубило животот, а две се повредени.

Google search engine

Инаку, несреќата се случила синоќа во 22:05 часот на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со сервисни улици во близина на супермаркет.

Во сообраќајната несреќа учествувале мотоцикл „Хонда“ управуван од 24-годишниот Д.А. од Скопје и автомобил „Ауди А3“ управуван од Д.В.Д. и сопатник С.З. и двајцата на 20-годишна возраст и од Холандија, а и двете возила биле со скопски регистарски ознаки.

– На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.