„Mundo Deportivo“ најави сериозен „земјотрес“: Кристијано Роналдо сам му се нуди на овој фудбалски гигант

Само што се врати во Манчестер Јунајтед минатото лето, во бомбастичниот трансфер од ФК Јувентус, оваа зима би можела да следи уште една „бомба“.

Имено, како што пренесува „Mundo Deportivo“, Португалецот лично се понудил, ни помалку ни повеќе туку на ФК Барселона.

Реклама

Се наведува дека Кристијано Роналдо не е среќен во Манчестер, па го контактирал новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес по пат на Пике, додека од друга страна неговиот агент Хорхе Мендеш разговара со Џоан Лапорта, претседател на каталонскиот клуб.

Роналдо е запознаен дека Барселона бара голгетери оваа зима, поради тоа што моментално имаат дефицит на тоа поле.

Во Барселона прво помислиле дека станува збор за шега, но се докажало дека намерата на Роналдо е реална. Во текстот се наведува дека Кристијано Роналдо не е среќен со новата метода на Ралф Рагник во Јунајтед, па дека побарал заминување.

„Mundo Deportivo“ пренесува дека Роналдо го контактирал поранешниот соиграч Џерар Пике кој му ја пренел идејата на Чави, а тој возвратил со тоа дали Роналдо би бил свесен на која позиција би играл.

Наводно тој би живеел во куќата на Лионел Меси која лично би му ја позајмил Аргентинецот, што исто така е понатамошната „магија“ на целата приказна.

„Mundo Deportivo“ најави сериозен „земјотрес“, па останува да видиме колку и двете страни се сериозни во врска со тоа.

Реклама