Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за изградба на нов репрезентативен стадион на територијата на нашата општина. Партнер на Фудбалска Репрезентација на Македонија за реализацијата на овој голем проект е Општина Аеродром. Стадионот ќе биде со минимален капацитет од 12.000 гледачи по сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување на клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг.
Во рамките на овој комплекс Општина Аеродром заедно со Градот Скопје ќе изгради и Мега Парк кој ќе претставува нов спортски и рекреативен центар на нашиот главен град.
Спортот го обединува народот, а македонската фудбалска репрезентација во последните години на дело го прави токму тоа. Токму од Општина Аеродром ги очекуваме новите успеси и победи на македонската фудбалска репрезентација. Напред Македонија!