„Му се молиме на Бога ние да не го најдеме“: Вака изгледа ноќната потрага по Матеј на минусни температури

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит влезе во 26-ти ден, а екипата на Телевизија Курир се приклучила на доброволната противпожарна единица „Палилула“, која ја проверува реката Сава долж брегот.

Матеј Периш од Сплит исчезнал ноќта спроти Нова година откако истрчал од клубот во Бетон хол. Неговите пријатели го пријавиле неговото исчезнување на 31-ви декември во 18 часот.

Google search engine

Зоран Стојановски, директор на доброволната противпожарна бригада „Палилула“, истакнал дека претресот се врши во координација со МВР.

„Од самиот почеток почнавме со потрага по исчезнатото лице во координација со МВР. Бараме покрај брегот, ги чешламе сплавовите, секаде каде што би можел да се ‘задржи’. Му се молиме на Бога ние да не го најдеме и да е некаде на суво, жив и здрав“, истакнал Стојановски за телевизија Курир.

Тој додал дека потрагата се врши ноќе, бидејќи со помош на светилки се гледаат и деловите кои преку ден се недостапни за око.

„Пребаруваме ноќе, бидејќи со помош на оваа светилка можете да го видите она што не можете да го видите во текот на денот. Бараме строго од брегот. Ги обиколуваме сите препреки кои би можеле да го запрат ако влегол во вода“, вели Стојановски.

Видеото од ноќната потрага можете да го погледнете ТУКА.