Глобалното затоплување може да предизвика големи проблеми, а последниот во низата би можел значително да ја промени природната средина на Арктикот. Од морските длабочини на површината во најскоро време ќе избијат милиони кубни метри метан.
Експертите на Томскиот политехнички универзитет откриле дека во близина на брегот на Русија на Ледениот океан значително пораснал процесот на топење на подводниот вечен мраз, соопштила прес-службата на Универзитетот.
Само по себе, процесот на топење на подводниот вечен мраз, како што тврдат научниците, е тотално безопасен. Меѓутоа, понатамошните природни механизми кои може да ги повлече со себе, се смртоносни за целиот живот во околината: на површината би можеле да се кренат огромни резерви на смртоносниот гас метан.

Овие вознемирувачки наоди научниците ги потврдуваат и со податоци кои ги собрале во текот на арктичката експедиција спроведена во 2016. година, заедно со научниците од Пацифичкиот океанолошки институт, Инстутот за океанологија и Институтот за атмосферска физика.
Најновите податоци за состојбата на подводниот вечен мраз се базирани на фактите дека неговиот основен дел во областа на Источен Арктик е целосен, што ја исклучува можноста за дестабилизација на хидратот метан кој се наоѓа под него.
Меѓутоа, неодамнешните мерења покажале дека топењето на вечниот мраз се случува многу побрзо, со брзина до 18 сантиметри годишно. А тоа веќе гарантира формирање на канал за излегување на гасот на површина.
“Изгледите се разочарувачки. Поради тоа што дел од меурестиот тек на метанот од седиментите во водата на морињата на Источен Арктик може да варира од неколку милиграми до десетина и стотина грама по квардатен метар на ден. А тоа веќе два до четири пати ја надминува основната концентрација измерена на нашата планета”, објаснива професорот од катедрата по геологија и минеролошки истражувања при Томскиот универзитет, Наталија Шахова.

Во ослободувањето на метан на површината помага не само топењето на вечниот мраз, туку и други надворешни фактори. Сантите мраз кои хаотично се движат во плитката вода формираат бразди на дното со длабочина од шест метри и должина од стотина километри.
Томските научници, со објавувањето на алармантните факти, се надеваат дека резултатите на истражувањата ќе помогнат и ќе бидат искористени за побезбедно рушење на арктичкото крајбрежје, бидејќи овозможуваат предвидување на веројатноста за исфрлање на метан.