Советодавната група на Центрите за контрола и превенција на болести на САД ќе се состане денеска за да разгледа воведување можни ограничувања за употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19.
Причината е реткиот несакан ефект на згрутчување на крвта по вакцинацијата, објави Вашингтон пост.
Експертите ќе ги разгледаат новите презентирани податоци. Тие може да покажат зголемување на бројот на случаи на згрутчување на крвта кај луѓето вакцинирани со оваа вакцина од април, наведува весникот, цитирајќи лекари запознаени со ситуацијата.
Вакцинацијата со Џонсон и Џонсон веќе беше прекината на десет дена во април за да се тестираат за исклучително ретки, но потенцијално фатални згрутчувања на крвта, главно кај млади и средовечни жени. Пријавени се девет смртни случаи поврзани со проблемот.
Во декември, американските истражувачи објавија студија во „Сајнс адванс” (Science Advances), која откри дека аденовирусните вектори што ги содржи вакцината се одговорни за тромбоза.