Оваа фотографија е стара 100 години, направена е во 1900 година во старата воденица во Белфаст.
Луѓето сега повторно ја коментираат, поради нејасен детаљ на неа.
Дали навистина има дух на оваа фотографија или е само оптичка илузија?
Една жена по име Линда ја објавила на социјалните мрежи и напишала:
„Убаво е да се види стара фотографија од баба ми, кога таа работеше во воденицата. Нејзиното име е Елен и е четврта од лево, во вториот ред. Татко ми ја чуваше фотографијата со години, а сега на неа гледаме дух. Дали и вие гледате дух на неа?“.
Погледнете го внимателно рамото на нејзината баба во вториот ред, од десната страна. Дали гледате нешто на него?
Иако е малку надвор од фокусот, едната дланка е јасно препознатлива. Сите девојки ги држат рацете скрстени пред телото, така што рацете „не влегуваат во игра“.
„Јас навистина не верувам во духови, но во случајот со оваа фотографија има нешто. Сепак, се надевам дека сето ова навистина ништо не значи“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.