Мораме на Марс: Илон Маск објаснил зошто сака да ја колонизира Црвената планета: “Ни се заканува нуклеарен армагедон”

Извршниот директор на “Space X” Илон Маск, сака да го одведе човештвото подалеку од родната планета, а тие планови добиле нов замав имајќи ги предвид климатските промени, можните удари на комети и опаѓачката стапка на наталитетот. Секако, тука е и опасноста од, како што вели Маск, “добриот стар нуклеарен армагедон”.

50-годишниот Маск, кој недамна беше прогласен за најбогатата личност која некогаш одела по планетата, го изнел својот амбициозен план да воспостави постојана база на Црвената планета во текот на “Zoom” конференцијата Национална академија на науки, заеднички состанок на Одборот за вселенски истражување и Одборот за физика и астрономија.

Google search engine

Маск е загрижен поради “цивилизациските ризици кои потенцијално можеме да ги ублажиме”, а смета дека мултипланетарно човештво е главен начин тоа да се направи, пренесува “Futurism.com”.

“Ако чекате доволно долго, знаете, Земјата ќе стане ненаселива. На тој начин, на долг рок, очигледно, сите сме мртви”, рекол тој.

Маск признал дека првите неколку патувања на Марс би можеле да се покажат како “непријатно возење”, укажувајќи на првите минувања на Атлантикот. Американскиот милијардер на минатогодишниот самит “Луѓе на Марс” рекол дека изградба на база на Црвената планета би била многу тешка и опасна.

 

“Не е за оние со слабо срце. Ги има сите можности дека ќе умрете. И ќе биде тешко, но ќе биде прилично величенствено ако успее”, рекол тогаш.

А додека патуваме кон Марс, погледот во нашите ретровизори може нема да биде убав. Како и да е, звучи како Маск веќе да го предвидел најлошото за нашата планета.

“Секогаш постои ризик комета да збрише некој континент”, рекол тој на состанокот на двата одбори во средата.

Милијардерот исто така предупредил на емисијата на штетни гасови, топењето на мразот, како и на опаѓањето на наталитетот, нарекувајќи го тоа потценет ризик.

Меѓутоа, освен комети, климатски промени и падот на стапката на наталитетот, според Маск постои и уште една опасност.

“Тука е секогаш и добриот стар нуклеарен армагедон. Тоа не е исклучено. Не знак колкав е тој ризик, но не е нула”, заклучил Маск.

Во текот на конференцијата, на екранот се појавил и најмладиот син на Маск, кој го има заедно со пејачката Грајмс.