Една авиокомпанија ѝ се извинила на патничка откако персоналот во авионот ѝ рекол дека мора да ја покрие својата ‘непримерна’ облека.
Австралијанката Изабела Еленор го споделила своето непријатно искуство со следбениците на социјалните мрежи. Изјавила дека се чувствувала понижено кога персоналот на авионот ѝ рекол дека нејзиниот црн кроп-топ не е соодветен за лет во авион. Изабела, која е модел на платформа за возрасни каде објавува фотографии со содржина за возрасни, рекла дека ѝ наредиле да се покрие.
Наводно ѝ рекле дека не може да носи бикини, а Изабела потоа облекла заштитен елек преку црниот кроп-топ, но тоа направило да се чувствува понижено и деградирано поради другите патници.
View this post on Instagram
Таа на Инстаграм објаснила дека вработените направиле голема сцена кога влегувала во авионот и дека ја натерале да чека пред сите, додека барале нешто со што би ја покриле. Со заштитниот елек морала да прошета до своето место. Изјавила дека ја понижиле и дискриминирале, бидејќи маичката ѝ била кратка и дека не можела така да лета, без да се покрие.
„Ако имав мали гради, сигурна сум дека ништо не би ми рекле“, рекла Изабела.
Во изјава за странските медиуми, Изабела, која патувала со сопругот Џереми рекла дека се чувствувала како жртва.
View this post on Instagram
„Ја погледна картата, а потоа погледна во мене и рече: ‘Имате ли џемпер кој можете да го облечете?’ Прво помислив дека се грижи да не ми е ладно, меѓутоа, вработената продолжи и ми рече дека не можам да носам бикини. Ѝ реков дека ова е само кроп-топ, но ме примораа да облечам елек“, раскажала огорчената Изабела.
Австралиската авиокомпанија подоцна ѝ се извинила на Изабела за недоразбирањето околу ситуацијата и изјавиле дека нивната компанија нема политика кон таков тип на облека.
„Ја контактиравме Изабела поради нејзиното искуство и ѝ се извинивме поради целата ситуација и начинот на кој е решена“, рекле претставници од авиокомпанијата.