Молотов коктел врз претседателот. Едвај извлече жива глава. Газдата на Селтик бегаше со семејството од запалената куќа

Драма во Глазгов! Шкотската полиција започна истрага по експлозијата проследена со пожар во куќата на претседателот на Селтик, Питер Ловел, објави шкотскиот клуб.

Куќата и автомобилите на Питер претрпеа голема штета. Во соопштението се вели дека Ловел и неговото семејство набрзина излегле од дома и биле видно вознемирени.

Google search engine

Шкотскиот весник Дејли рекорд цитира анонимен извор дека нападот бил извршен со молотов коктел. Според таблоидот, автомобилот прво бил запален, а кога експлодирал, пожарот се проширил на блиската зграда.