Откако палестинските групи на отпорот во Газа повторно му дадоа ултиматум на Израел да ги повлече своите сили од џамијата Ал-Акса и населбата Шеик Џарах, во „окупираниот источен Ерусалим од страна на Ал-Кудс“ тие се заканија дека ќе го ракетираат Тел Авив, што и беше направено од нивна страна.
Снимките од социјалните мрежи покажуваат како биле пресретнати десетици ракети затоа што бил активиран израелскиот систем за противракетна одбрана железната купола.
RAW FOOTAGE: This is the moment the Iron Dome intercepted a barrage of rockets over Tel Aviv and central Israel. pic.twitter.com/8jl8OTgWCl
— Israel Defense Forces (@IDF) May 11, 2021
Израелскиот канал 12 објави дека една ракета погодила зграда во предградието на Холон.
Како што се наведува, во последните 24 часа, од појасот Газа, биле истрелани повеќе од 600 ракети во правец на Израел.