Моќен напиток против стрес! Докажано делува

Современиот живот секојдневно ни сервира стресни ситуации, а наша задача е да се заштитиме од тоа негативно влијание, да развиеме издржливост и на тој начин да го зачуваме здравјето и енергијата.

Покрај психолошките алатки и методи, постојат многу природни билки, тинктури и тоници кои можете да ги направите без напор, а одлично делуваат против стресот и нервозата.

Google search engine

Проблемот настанува затоа што нашиот нервен систем во стресни ситуации секогаш реагира како да се работи за живот или смрт и на прво место не разликува емоционална од реална закана. Така, на пример, кога имаме конфликт со некого на работа, во семејството или кога имаме финансиски проблеми, на физиолошки план нашиот организам реагира како да е директно загрозен.

Сосема е јасно дека честите реакции од овој тип ја ослабуваат нашата севкупна психофизичка сила, а порано или подоцна доведуваат до нијзино паѓање, предизвикувајќи психички нарушувања, анксиозност, психосоматски заболувања и слично.

Од гледна точка на емоциите, стресот најчесто се манифестира преку присуство на негативни чувства. Присуството на интензивни негативни емоции е од клучно значење во реакцијата на стресот, бидејќи тие се поттик за сите други симптоми на стрес. Поради стрес, човекот прво има негативни емоции, а потоа следат другите симптоми.

Постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме или елиминираме штетните ефекти од секојдневниот стрес, како што се психотерапија, спорт или хоби, како и бројни методи и техники против стрес (јога, автоген тренинг, медитација) и здрава храна.

Рецепт

Топлата вода во комбинација со лимон и исечен ѓумбир е одличен начин за поттикнување на варењето. Ѓумбирот е богат со антиоксиданс gingerol, кој помага да се елиминираат штетните материи кои ги произведува нашето тело кога сме загрижени, па затоа ѓумбирот помага и во намалување на психолошкиот стрес.

Подготовка на напитокот: Измијте го и излупете го коренот од ѓумбир. Потоа изрендајте или исечете го на парчиња од 2 см. Истурете половина литар врела вода и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете и додадете парче лимон!

- АУДИО РЕКЛАМА -