Пред секое професионално модно снимање, на моделите им треба подготовка, а тука на сцена настапуваат луѓето од сенка.
Фризерите, шминкерите и стилистите се грижат манекенките на фотосесиите да изгледаат што е можно поатрактивно, а тука се и таканаречените „пејнтери“ (painters) на модели кои, ќе се сложат многу мажи, ја имаат работата од соништата. Нивната задача е да направат се што можат за телата на манекенките да се покажат во полн сјај, а тоа вклучува мачкање на креми и масла за тело, шминкање, прскање со вода и многу, многу допирања.
Работата која многумина со задоволство би ја работеле е резервирана само за одбрани среќници, па така оние кои ќе ја добијат, имаат и прилика да патуваат на атрактивни локации ширум светот и да соработуваат со најбараните модели на светот.
Како изгледа еден типичен ден на „пејнтерите“ на модели и што се спаѓа во описот на нивната работа, погледнете од фотографиите во продолжение:








