Единсон Кавани реализираше трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед во последниот ден од летниот преоден рок.
Уругваецот сега се наоѓа во Манчестер, но е во изолација поради протоколите на британската влада, и доколку од владата не попуштат, тој ќе го пропушти натпреварот против Њукасл на кој се очекуваше да дебитира за „ѓаволите“.
Сега во ексклузивно интервју за официјалната страна на Манчестер Јунајтед, Кавани ги потврди претходните најави дека разговарал со Андер Ерера пред да стави потпис на договорот.
– Да, зборував со Андер многу. Исто зборував и со другиот соиграч, Анхел Ди Марија. Влегував во последните моменти од преговорите и му се јавив на Андер за да поразговараме.
– Многу го ценам Андер поради тоа што е таква личност и токму затоа имав чувство дека неговите зборови ќе ми помогнат, сакав да ми каже нешто повеќе како е да си во Јунајтед.
– Да, точно е дека откако го завршив разговорот со Андер, дојдовме до договор со клубот. Не го познавав Андер многу, но формиравме блиско пријателство за време на нашиот заеднички престој во ПСЖ, а денес исто така сме многу добри пријатели, -изјави Кавани.