ММФ: Подгответе се за зголемување на каматните стапки

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, рече дека е потребно многу внимателно да се повлече политичката поддршка дадена во борбата против пандемијата на вирусот Ковид-19, и дека светот треба да биде подготвен за зголемувањето на каматните стапки.

Георгиева зборуваше за состојбата на глобалната економија преку видео конференција организирана од Европскиот универзитетски институтот (European University Institute).

Google search engine

Посочувајќи дека глобалната економија започна да се подобрува во април, Георгиева рече дека економиите на Соединетите Американски Држави (САД) и Кина се „два мотора кои работат напорно“. Таа додаде дека очекува дека Европската унија (ЕУ) ќе ги стигне овие две економии во летните месеци, благодарение на вакцинацијата, истакнувајќи дека верува дека заздравувањето ќе се забрза.

Потсетувајќи дека глобалната економија се очекува да порасне за 6% оваа година, а за 4,4% во следната година, Георгиева посочи дека нерамномерното закрепнување меѓу земјите е сè уште сериозен проблем.

Таа исто така истакна дека е неизбежно да се повлече политичката поддршка дадена во борбата против пандемијата, додавајќи дека е многу важно таа да се спроведе многу внимателно.

„Треба да се подготвиме за растот на каматните стапки. Особено е важно да се следат каматните стапки во Соединетите држави бидејќи таму има значително движење“, рече Георгиева.

Како што изјави таа, земјите кои сè уште не бележат раст и кои имаат натрупано долг би можеле да се најдат во многу тешка ситуација во потенцијално опкружување на зголемувањето на каматните стапки.

Коментирајќи ги дискусиите за укинување на правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19, Георгиева посочи дека постојат силни економски аргументи за отстранување на бариерите за производство и дистрибуција на вакцини, но дека укинувањето на правата на интелектуална сопственост треба да биде придружени со други мерки.